29.7 C
Skopje
вторник, 15 јули 2025

Арсенал против Евертон ќе биде со нов тренер на клупата

Микел Артета во следните 24 часа треба да биде и официјално назначен за нов тренер на Арсенал. Според најавите, Топчиите сакаат на клупата да го доведат нивниот некогашен играч, кој сега му е помошник-тренер во Манчестер сити на Пеп Гвардиола.

За да си замине од Сити, Арсенал на Граѓаните ќе треба да им плати два милиони евра. Најавите се дека Артета уште утре ќе започне со работа, а веќе в сабота да го има дебито како тренер на дуелот против Евертон. Можно е Артета против Евертон да го води тимот заедно со Фреди Љунберг, кој сега ја има улогата на привремен стратег.

Артета се согласил да биде на чело на Арсенал во следните три и пол години. Како играч, Шпанецот ги бранеше боите на лондонскиот тим во периодот од 2011 до 2016 година.

 

- Оглас -

Најнови вести