Арсенал се пофали со голманот кој го има најголемиот трансфер во историјата (Видео)

Лондонскиот тим Арсенал денеска го промовираше голманот Кепа Аризабалага како нов член на Топчиите. Кепа е голманот кој во 2018 година направи сензационален трансфер за 80 милиони евра од Атлетик Билбао во Челзи. Иако беше најавуван како екстра засилување, Кепа не се прослави како голман на Челзи.

Според многумина, најзапазен момент на Кепа како голман на Челзи е кога одби да излезе од игра во финалето на Лига Купот. Потоа Кепа беше даден на позајмица, па беше во екипите на Реал Мадрид и Борнмут.

Сега, за само пет милиони евра колку што изнесуваше неговата клаузула, Арсенал го доведе во своите редови. Повремениот шпански репрезентативец потпиша тригодишен договор со Арсенал, а ќе биде втора опција за голман.

- Оглас -

Најнови вести