Арсенал си пати од изјавата на Давид Луис

Кризата на Арсенал продолжи и по вчерашниот шок од Брајтон на домашен терен. Топчиите одново ги разочараа своите навивачи, се чини дека смената на Унаи Емери со Фреди Љунберг не донесе подобри резултати туку тимот остана да тапка во место.

Арсенал веќе седум меча во Премиер лигата е без триумф, последен пат се израдува на 6 октомври, против Борнмут со минимални 1-0. Десетина дена по таа победа, дефанзивецот Давид Луиз изјави дека Арсенал има квалитет и амбиции да се бори за шампионската титула.

Таа изјава како да го проколна клубот од „Емирати“. Арсенал врза три порази и четири ремија во шампионатот, по што падна на 10-тата позиција со 19 бода по 15 кола.

Да биде уште потешко за неискусниот Љунберг и ранливите Топчии, во понеделник им следува градско дерби против Вест хем. Екипата на Пелегрини покажа дека може да се надигрува со „големата шестка“, особено по триумфот на гостувањето кај Челзи изминатиот викенд.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести