Арсенал пред седум дена ги започна подготовките за новата сезона, а сега го одигра и првиот меч. На турнејата во САД, лондонскиот премиерлигаш со 3:0 го победи Колорадо рапидс. Тренерот на Топчиите, Унаи Емери, им даде шанса на оние играчи кои сака да види како би се вклопиле во екипата.
Фаворитот поведе со голот на Сака уште во 14-тата минута, а веќе во 29-тата резултатот беше 2:0, а стрелец беше Олајинка. Третиот погодок на Арсенал беше дело на Мартинели во 61-вата минута од мечот.