Победата на Манчестер сити над Тотенхем значеше дека Астон вила ќе биде четвртиот претставник на Англија во Лигата на шампионите, заедно со Сити, Арсенал и Ливерпул.
Вечерва во Бирмингам се одржа прослава на која се бираа најубав гол, играч на сезоната и слично од редовите на Вила, а кога заврши мечот во Лондон, почна големото славење.
Астон вила во 1982 година беше европски првак, а една година подоцна за последен пат настапи во најсилното клупско натпреварување во Европа.
THIS MOMENT. pic.twitter.com/y5aLjEsq6t
— Aston Villa (@AVFCOfficial) May 14, 2024