-2.2 C
Skopje
недела, 11 јануари 2026

Арсенал тргнува по фудбалер на Барселона, Ханси Флик веќе дал зелено светло

Арсенал е убедлив лидер во англиската Премиер лига, но Микел Артета сака дополнително да го засили составот, но и да го прошири ростерот пред решавачките битки за титулата.

Шпанецот на клупата на „топчиите“ сака да доведе засилување од Барселона, а според шпанските медиуми, Ханси Флик веќе дал зелено светло за реализација на трансферот.

Се работи за 20-годишното десно крило на „каталонците“, Дани Родригес, кој потекнува од Ла Масија, а има договор со Барселона до летото 2027 година.

Изненадувачки звучи и информацијата дека Ханси Флик се согласил со заминувањето на младиот фудбалер, но ваквата одлука со задоволство била прифатена во Лондон, од каде очекуваат дека трансферот ќе се реализира до крајот на зимскиот преоден рок.

- Оглас -

Најнови вести