30.8 C
Skopje
вторник, 19 август 2025

Арсенал во првиот напад му даде гол на Ливерпул

Арсенал постигна гол уште во првиот напад во големото дерби во 10 коло во Премиер лигата против Ливерпул. Навивачите на „Емирати“ ги израдува Габриел Мартинели кој на асистенција на Мартин Одегард го совлада Алисон.

Арсенал во дербито со Ливерпул влезе во одлична форма, има седум победи и само еден пораз досега и се наоѓаат на второто место на табелата,а доколку денеска остварат победа, ќе се вратат на лидерската позиција на табелата.

Од друга страна, Ливерпул игра очајно сезонава и досега оствари само две победи и има четири ремија за десетта позиција на табелата.

- Оглас -

Најнови вести