Брајтон и Арсенал одиграа 1-1 во 20-то коло на Премиер лигата, но Топчиите имаат големи замерки за пеналот што беше досуден за домашниот тим.
Во 61-та минута беше досуден пенал за Брајтон по фаул на Вилијам Салиба над Жоао Педро. Французинот се судри со бразилскиот напаѓач, а судијата Ентони Тејлор покажа на белата точка. Жоао Педро беше сигурен реализатор на пеналот.
Penalty for Brighton pic.twitter.com/Y27CMz2WCl
— Centregoals (@centregoalss_) January 4, 2025
Иако на почетокот изгледаше дека пеналот е правилно досуден, снимка од друг агол покажува дека Салиба ја удрил топката пред контактот со главата со Педро, па оваа ситуација можеби и не би требало да биде санкционирана со пенал.
Мислењата на навивачите се поделени – некои сметаат дека пеналот беше правилно досуден, додека други веруваат дека судијата погрешно реагирал.
Без разлика на тоа, Арсенал не успеа да го победи Брајтон и сега заостанува пет бода зад Ливерпул, кој има и два одиграни натпревари помалку.