7.8 C
Skopje
понеделник, 8 декември 2025

Арсими и Пелистер ја затвораат есенската полусезона, победникот ќе има многу помирна зима

Арсими е домаќин на Пелистер во последниот меч од 16 коло на Прва фудбалска лига на Македонија. Со овој дуел кој ќе се игра од 13 часот на стадионот во Гостивар, не само што ќе се комплетира ова коло, туку ќе значи и комплетирање на есенскиот дел од фудбалското првенство.

Влогот за Арсими и Пелистер е голем, затоа што двете екипи имаат голема потреба од освојување на трите бода. Арсими моментално е на шестото место со 21 бодови, додека Пелистер е во зоната за испаѓање со само 15 бодови.

Во последните четири меча на свој терен, Арсими нареди три победи и едно ремиАрсими е екипа која негува отворен фудбал па не случајно во просек дава, но и прима по два погодоци на меч. Ако продолжи овој просек, може да се очекува дуел со многу погодоци.

По завршување на овој меч ќе следува пауза до 15 февруари, за кога се закажани натпреварите од следното 17 коло во Прва лига.

- Оглас -

Најнови вести