Арсими испиша историја и ѝ се придружи на Македонија ЃП во Првата лига, Башкими ќе игра бараж

Екипите на Македонија ЃП и Арсими од следната сезона ќе играат во Првата фудбалска лига, откако ги освоија првите две позиции на табелата во второлигашката конкуренција.

„Лавовите“ по пауза од една сезона се враќаат во повисок ранг и тоа како првопласирани во Втората лига, иако во последното коло одиграа само 0-0 на домашен терен против Беласица.

Арсими ќе биде дебитант во прволигашката конкуренција, а до промоцијата дојде откако со убедливи 0-4 славеше над Вардар на гостувањето во Неготино.

Башкими поради поништениот меч против Кожуф се најде во позиција да игра меч за пласман во баражот против Брегалница на гостински терен, па екипата од Куманово со победата од 0-1 си закажа бараж против Беса, секако, доколку ФФМ не изрече дополнителна санкција за дуелот во Гевгелија.

Од Втората лига испаѓаат велешки Борец и Вардарски од Богданци, додека Осогово од Кочани ќе игра во баражот за опстанок заедно со победниците на третолигашките региони.

Резултати:

Борец – Охрид 4-1
Брегалница – Башкими 0-1
Детонит П. – Победа 2-2
Скопје – Каменица Саса 3-2
Кожуф – Новаци 5-1
Македонија ЃП – Беласица 0-0
Осогово – Вардарски 4-0
Вардар Н. – Арсими 0-4

- Оглас -

Најнови вести