19.8 C
Skopje
среда, 29 октомври 2025

Арсими се спаси од пораз дома против Работнички, реми и во Ѓорче Петров

Арсими уште еднаш одигра одлично во второто полувреме и успеа да се спаси од пораз дома против Работнички. По негативата од 0-2 во првото полувреме, Башким Велија и Албан Таипи донесоа израмнување 2-2 и еден освоен бод за новиот член на елитата.

Во првиот дел, Демир Имери постигна убав погодок за Работнички во 41-вата минута, а во следниот напад домаќините си постигнаа и автогол.

Македонија ЃП и Башкими исто така ремизираа 1-1 на дуелот што се одигра во Ѓорче Петров. Гостите поведоа преку Аворнио, а Пецов успеа да го израмни резултатот.

- Оглас -

Најнови вести