Фудбалер на Реал Мадрид обвинет за расизам, клубот мораше да се извинува

Во ек на скандалот со наводните расистички навреди упатени кон Винисиус на мечот помеѓу Бенфика и Реал Мадрид, сега Кралскиот клуб се најде на удар и под обвинение за расизам.

Причината е дефанзивецот Дин Хујсен, кој на социјалните мрежи објавил шеговита фотографија, но таа е протолкувана како навреда за луѓето од Азија и расистичка, па од Реал Мадрид мораше јавно да се извинат и тоа на кинески јазик.

„Искрено им се извинуваме на нашите кинески пријатели. Претходно ненамерно објавив содржина со навредлива порака. Тоа беше потполно ненамерно и сакам да се извинам за непријатностите“, стои во објавата на Реал Мадрид.

Хујсен вторпат прави ист испад, откако и претходно неговите содржини на социјалните мрежи беа отценети како расистички кон луѓето со жолта боја на кожата.

- Оглас -

Најнови вести