Новиот македонски прволигаш Арсими го засили составот со четворица нови фудбалери, искусниот голман Дејан Силјановски, играчот за врска Ринор Ајдини, дефанзивецот Медин Бајрами и црногорскиот интернационалец Дејан Перовиќ.
Силјановски пристигнува од редовите на Беса, а претходно ги бранеше боите на неколку македонски клубови, меѓу кои Воска, Гостивар, Шкупи, Македонија ЃП и Беласица.
Ајдини дојде од Шкупи, каде што престојуваше само еден месец пред да одлучи дека клубот не одговара на неговите очекувања. Сега потпиша договор со Арсими и се очекува да биде значајно засилување на средината на теренот. Претходно настапуваше за Гостивар.
Од Работнички пристигна и Медин Бајрами, кој ќе ја зацврсти одбраната на тимот од Чегране. Ново име и Црногорецот Дејан Перовиќ, кој е офанзивен фудбалер, играл во првенството на Малезија, а претходно и во црногорските клубови Бокељ и ОФК Петровац.