Артета: Анчелоти ми посака ние да ја освоиме Лигата на шампионите

Тренерот на Арсенал, Микел Артета, по победата на гости кај Реал Мадрид во реваншот од четвртфиналето на Лигата на шампионите рече дека тоа му била една од најдобрите ноќи во фудбалската кариера.

„Ова е навистина посебен натпревар против тимот кој инспирираше многумина од нас во ова натпреварување. Можеме да бидеме горди што го добивме овој меч на начин на кој победивме денес. За време на подготовката, чувствував дека мојот тим може да се натпреварува со секого, а сега сме во полуфиналето и имаме моментум. За 3 минути сфатив дека сè може да се случи на овој стадион. Мадрид знае да создаде хаос, но моите играчи покажаа зрелост“, изјави Артета.

Во полуфиналето Арсенал ќе игра со ПСЖ, а другата двојка е Барселона – Интер.

„По мечот, Анчелоти беше многу љубезен кон мене и ми рече дека се надева дека ние ќе ја освоиме титулата во Лигата на шампионите“, додаде Артета.

- Оглас -

Најнови вести