Артета: Игравме брилијантно и остваривме фантастичен резултат

Менаџерот на Арсенал, Микел Артета, изрази задоволство од настапот на неговиот тим при победата над ПСВ Ајндховен со 1-7 на гости во првиот натпревар од осминафиналето на Лигата на шампионите.

„Фантастичен резултат на гостински терен. Навистина го сакаме овој турнир. Долго време ни недостигаше. Оваа вечер беше посебна за нас. Многу ми се допадна играта. Ви благодарам многу момци. Игравме брилијантно и остваривме фантастичен резултат. Фудбалерите одиграа одлично и заслужено можат да се радуваат на успехот“, изјави Артета по натпреварот.

Според сајтот за спортска статистика „Опта“, Топчиите станаа првиот тим во историјата на натпреварувањето што постигнал седум гола на гостински терен во нокаут-фазата.

Реваншот во Лондон е закажан за 12 март.

- Оглас -

Најнови вести