Артета откри дека во елиминацијата на Реал Мадрид добил помош дури и од Пеп Гвардиола

Арсенал со две победи го елиминира бранителот на трофејот во Лигата на шампионите, Реал Мадрид, па Топчиите првпат по 2009 година ќе играат во полуфиналето на елитното натпреварување.

Тренерот на Арсенал, Микел Артета, откри дека пред мечот комуницирал и со Пеп Гвардиола, кој му беше тренер, а потоа беше дел и од неговиот стручен штаб во Манчестер сити.

„Утрото пред натпреварот против Реал Мадрид го побарав Пеп Гвардиола бидејќи мислам дека голем дел од ова е благодарение на него. Како играч и како тренер ми беше инспирација, тој беше оној кој одлучи да ми даде шанса и да ме вклучи како помошен тренер. Поминав четири неверојатни години со него и морам да бидам благодарен. Секогаш ќе му бидам благодарен бидејќи без него немаше да бидам тука“, рече Артета после втората победа против Реал Мадрид.

Микел Артета како помошник на Пеп Гвардиола во Манчестер сити освои два трофеи во Премиер лигата и по еден од англискиот ФА куп и Супер купот.

- Оглас -

Најнови вести