20.8 C
Skopje
понеделник, 22 септември 2025

Артета со многу пофални зборови за своите играчи: Доминиравме од секој аспект против Сити

Арсенал не победи и во второто големо дерби кое го играше сезонава. Откако загубија на гости кај Ливерпул со 1:0, вчера Топчиите пред своите навивачи ремизираа 1:1 против Манчестер сити.

Лондонскиот тим беше на прагот од нов пораз бидејќи губеше со 0:1 сè до 90+3 минута, кога Мартинели израмни за освојување на еден бод. Тренерот на Арсенал, Микел Артета, имаше пофални зборови за играта на своите фудбалери.

„Морам да кажам дека сум многу, многу горд на играчите и тимот. Мислам дека начинот на којшто игравме, начинот на којшто доминиравме речиси во секој аспект од натпреварот, освен резултатот, беше извонреден. Знам како тренер, а луѓе како мене знаат колку е тешко да се направи тоа против Манчестер сити и она што би го рекол е дека сме многу разочарани од резултатот“, рече Артета.

Арсенал имаше 67 отсто посед на топката, што е рекорд против еден тим предводен од Пеп Гвардиола во лигашка пресметка.

- Оглас -

Најнови вести