Артур Мело повторно ја нервира Барса со дружба со Нејмар, а двајцата Бразилци објавија фотографија од ноќната прошетка низ каталонскиот град.
Нејмар е во Барселона, бидејќи го чека судење, но денеска не се појави во судот, а вчеравечер се забавувал во дискотеките во градот, заедно со Артур и уште неколкумина.
Артур Мело еднаш веќе му се извини на раководството и на соиграчите, откако замина за Париз да го прослави роденденот на Нејмар.
Сега повторно го дружеше својот некогашен соиграч од Барселона, кој беше на мета на шпанскиот гигант летово, но до кам-бек на Нејмар на „Камп Ноу“ не дојде.