Барселона минимално со 1-0 славеше на гостувањето кај третолигашот Културал Леонеса во меч од Купот на Шпанија. Тренерот на каталонскиот гигант, Ернесто Валверде, шанса на овој меч им даде на оние играчи кои добиваат помалку минутажа во Примера и во Лигата на шампионите.
Иако беше апсолутен фаворит, Барселона се намачи и со гол во 91-вата минута стигна до победата. Артуро Видал беше еден од најискусните во редовите на каталонскиот гигант и на теренот не направи грешка, но кога требаше да даде изјава по средбата, се посрамоти.
Чилеанскиот репрезентативец заборави дека играше Куп натпревар против третолигашки противник. „Среќни сме бидејќи освоивме три бода“, рече Видал, без да размисли дека тоа не беше дуел од Примера дивисион.