Шпанскиот весник АС пренесува дека Карим Бензема веќе има нов клуб во кој ќе заработува по 400 милиони евра. Во информацијата не се објавува името на наводно новиот клуб на Бензема, но се тврди дека станува збор за екипа од Саудиска Арабија.
Французинот во Саудиска Арабија ќе ја добие и функцијата амбасадор за промоција на кандидатурата на оваа арапска земја за домаќин на Светското првенство во 2030 година.
Реал Мадрид го купи Бензема од Лион за 35 милиони евра во 2009 година, а неговиот актуелен договор со Кралскиот клуб завшува за еден месец и тоа би значело дека ќе замине без никакво обесштетување.