Аспирин од Баер бил лекот за Левандовски

Баер Леверкузен приреди големо изненадување со победата од 2-1 на гостувањето кај Баерн Минхен, а во последните десетина минути гостите се бранеа грчевито и со играч помалку. Баварците редеа шанси, ја погодуваа и пречката, но топката не сакаше да влезе, па актуелниот првак мораше да им честита на гостите.

Двоен стрелец за Баер беше Леон Бејли, а за Баерн по подолго време погоди Томас Милер. Милер немаше даде гол цели 1.356 минути, негов најдолг пост во кариерата.

Полјакот Роберт Левандовски кој има 16 гола во Бундеслигата сезона, а пред четири дена во Белград даде четири гола против Црвена ѕвезда во Белград, овојпат не погоди. Второ коло по ред во Германија, популарниот Лева не ја тресе мрежата.

После овој кикс на Баерн, лидер на табелата е Ред Бул од Лајпциг, но утре врвот може да го преземе Борусија Менхенгладбах.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести