Македонија ги доби ривалите за групната фаза на Светското училишно првенство

Ждрепката за Светското училишно првенство во ракомет кое ќе се игра во Скопје, го смести машкиот тим на Македонија во групата А со Република Српска, Грузија, Бугарија и Саудиска Арабија. Во женска конкуренција, Македонија ќе игра во групата Ц заедно со Белгија, Грузија и Словачка.

Селектор на машката училишна репрезентација е Горан Кузманоски, а женската ја предводи Даниела Новеска.

На овој масовен настан ќе учествуваат 36 земји, кои ќе настапат во машка и во женска конкуренција. Сите делегации веќе се пристигнати во нашиот главен град и со нетрпение го очекуваат стартот на првенството.

Утре е свеченото отворање со дефиле на плоштадот Македонија во центар на Скопје од 19.30 часот, ќе има музика и шоу програма, а натпреварите стартуваат на 22-ри април.

- Оглас -

Најнови вести