Вардар е на добар пат да обезбеди место во третото квалификациско коло во Конференциската лига, но за тоа да се случи, мора да одигра уште еден добар меч против Лозана. Црвено-црните победија со 2:1 на првиот меч во Скопје, а в четврток ќе треба да ја одбрани предноста од еден гол за да оди во следната фаза од натпреварувањето.
Ако Вардар помине понатаму, следен ривал ќе чека од подобриот во двомечот меѓу Астана од Казахстан и Зимбру од Молдавија. Во овој двомеч, Астана ја има улогата на фаворит, но казахстанскиот тим дома разочара и одигра само 1:1. Реваншот се игра в четврток, во Молдавија, но иако на гости, во Астана како да се убедени дека ќе победат и ќе одат понатаму.
Не само што се убедени дека ќе одат во третото квалификациско коло, во Астана веќе имаат извадено визи за влез во Македонија за периодот кога е закажано третото квалификациско коло. Тоа значи дека во Астана не само што се убедени дека тие ќе победат против Зимбру, туку и дека Вардар ќе ја елиминира Астана.