Фудбалерот на Баер Леверкузен, Муса Диаби, само неколку часа откако ги договори личните услови со Астон Вила, доби повик од Саудиска Арабија, односно од Ал-Наср кој сака пред нос на премиерлигашот да му го украде виденото засилување.
Астон Вила договори сè со Баер Леверкузен, но и со Диаби. Премиерлигашот се согласи да плати 43 милиони отштета на Фармацевтите, но неколку часа подоцна, идентична понуда испрати Ал-Наср.
Баер ја прифати и оваа понуда, и му остава на фудбалерот да одлучи каде сака да ја продолжи кариерата.
Муса Диаби сега се најде во дилема, дали да заигра во најатрактивната фудбалска лига на светот, Премиер лигата, или со 24 години да се пресели во Саудиска Арабија.