Англискиот премиерлигаш Астон вила со 2:0 славеше во Бирмингем над Лил и се пласираше во четвртфиналето од Лига на Европа. Астон вила и на гости победи со 1:0, што значи дека сосема заслужено оди во следната фаза. Со 2:0 пред своите навивачи победи и Порто против Штутгарт, а португалскиот гигант оди во следната фаза со вкупен резултат од 4:1.
Во пресрет на реваншот, Бетис имаше негатива од еден гол во дуелот со Панатинаикос, но шпанскиот тим покажа квалитет и вечерва беше убедлив победувајќи со 4:0. Драмата единствено продолжува на „Олимпико“ во Рим, каде Рома и Болоња играа 3:3 по 90 минути, што е втор нерешен резултат на овие два тима за една недела (првиот дуел заврши 1:1).
Во Конференциската лига на УЕФА, Рајо Валјекано со 0:1 загуби на свој терен од Самсунспор, но благодарение на победата од 3:1 на гостински терен, сега оди во четвртфиналето. И Шахтар како домаќин загуби од Лех (1:2), но оди понатаму поради победата од 3:1 на првата средба.
Аз Алкмар беше убедлив во Прага и победи со 4:0, а Стразбург дома одигра 1:1 против Ријека, но победата од 2:1 на гости во Хрватска му донесе виза за следното коло.

