Екипата на Астон вила славеше со 2:1 над Манчестер сити и со тоа потврди дека е претендент дури и во трката за освојување на титулата. За Астон вила ова беше 10-та победа по ред во сите натпреварувања, што е најдобра серија во повеќе од 100 години. Тимот од Бирмингам немал низа од 10 победи по ред уште од далечната 1914 година, кога нанижа 11 триумфи.
Астон вила последен пат загуби на „Енфилд роуд“ од Ливерпул со 2:0, а потоа нижеше победи над Макаби Тел Авив, Борнмут, Лидс, Јанг бојс, Вулверхемптон, Брајтон, Арсенал, Базел, Вест вем и Манчестер јунајтед. Интересно е дека во последните 30 години за Астон вила ова е само втора победа на домашен терен над Манчестер јунајтед во првенствени дуели.
„Многу сум среќен. Нашите навивачи треба да бидат горди на тоа што го правиме. Изградивме победнички менталитет“, вели тренерот на Астон вила, Унаи Емери, кој беше пресреќен поради фактот дека неговиот тим нареди 10 победи по ред.
UNAI EMERY’S REACTION 🤣🤣pic.twitter.com/O2xSTg3dmU
— Xander (@Alex2020ozion) December 21, 2025

