Асвел даде стотка и ги изненади Црвено-белите, Атаман подобар од поранешниот тим

Кошаркарите на Црвена звезда ја прекинаа мини-серијата од две победи по ред во Евролигата откако вечерва загубија на гостувањето кај Асвел со 100:91. По овој пораз, Црвено-белите останаа на осум победи во 20-те меча во Евролигата, додека Асвел избега од дното остварувајќи ја четвртата победа.

Одлучувачка за победникот беше последната четвртина откако во претходните три беше присутна резултатска неизвесност. Во последниот период, Асвел по четирите поени по ред на Ли, во 35-та минута поведе со Асвел за првпат поведе со осум поени предност (80:72), а потоа дојде и до двоцифрена предност со што ги реши дилемите околу победникот.

Токму Парис Ли со 23 поени и седум асистенции беше најдобар кај Асвен, додека во редовите на Црвена звезда, Немања Недовиќ даде дури 26 поени, но немаше расположени соиграчи осве Јаго дос Сантос кој постигна 16 поени.

Европскиот шампион Реал Мадрид продолжува да ги тероризира противниците и во Минхен дојде до 18-та победа во 20-тиот меч во Евролигата. Последна жртва на Кралевите е Баерн кој е совладан со 92:71.

Во дербито на вечерта, Панатинаикос кој е предводен од Ергин Атаман славеше над Анадолу Ефес со 83:76. Интересно е што Атаман токму со турскиот тим двапати триумфираше во Евролигата.

Милано со 82:76 ја совлада Алба Берлин и ја остави на дното на табелата со само три победи, додека Жалгирис со 84:79 славеше на гостувањето кај Валенсија.

 

- Оглас -

Најнови вести