Италијанскиот калчолигаш Аталанта се засили непосредно пред првиот настап во новата сезона во Серија А. Во тимот од Бергамо пристигна Лазар Самарџиќ. Српскиот репрезентативец дојде за трансфер вреден 40 милиони евра и тоа од тмот на Удинзе. Половина од сумата ќе биде веднаш исплатена, а втората половина ќе биде дадена во вид на бонуси.
Самарџиќ кој има само 22 години игра во средниот ред, а досега освен во Удинезе има играно и за екипите на Херта Берлин и Лајпциг. Неговиот трансфер во Аталанта се реализираше откако во Удинезе се врати Алекси Санчес.
Со доаѓањето во Аталанта, Самарџиќ ќе има шанса прв пат да заигра во Лигата на шампиони и на европска сцена да го покаже својот квалитет.
Аталанта ја отвори сезоната со пораз од Реал Мадрид во Супер купот на Европа, а првиот меч на италијанска сцена ќе го има утревечер и тоа на гости кај Лече, во рамките на првото коло од Серија А.