Аталанта е клубот кој испиша историја на Европското првенство

Италијанскиот калчолигаш Аталанта е клубот кој блеска во европски рамки во последниве две години. Дека не случајно тимот од Бергамо е во врвот на континенталниот фудбал, се потврди и на Европското првенство. Аталанта е екипата која може да се пофали дека има најмногу различни стрелци на турнирот.

Марио Пашалиќ, кој погоди за Хрватска во 93-тата минута за 3:3 против Шпанија е петтиот различен стрелец што го носи клупскиот дрес на Аталанта. Низ историјата на европските првенства, само три клуба можеле да се пофалат дека петмина различни фудбалери погодувале на еден европски собир. Тоа се: Реал Мадрид од првенството во 2012 година, Барселона во 2000 година и Андерлехт во далечната 1984 година.

Првиот погодок од играч на Аталанта на ова ЕП го даде рускиот репрезентативец Алексеј Миранчук, кој погоди во второто коло. Во второто коло прецизен во дресот на германската репрезентација беше и Робин Госенс. Во следното коло погодија уште двајца играч на Аталанта. За Италија гол даде Матео Песина, а потоа прецизен беше и данскиот крилен играч Јоаким Меле. Вчера Пашалиќ ја заокружи петорката на Аталанта со погодоци на ЕП.

- Оглас -

Најнови вести