Аталанта е противникот на Јувентус во финалето на Купот на Италија (Видео)

Екипата на Аталанта е вториот финалист во Купот на Италија откако вечерва во реванш-полуфиналниот дуел со Фиоентина славеше со убедливи 4:1. Аталанта со конечни 4:2 ги елиминира Виолетовите и си закажа меч со Јувентус за трофејот во Купот на Италија.

Победата на Аталанта ја најави Теун Копмајнерс со голот во осмата минута, а работата и беше олеснета по исклучувањето на Миленковиќ на стартот од вториот дел.

Фиорентина со играч помалку успеа да постигне гол преку Мартинес Кварта во 68-та минута, но во финишот не успеа да се одбрани од нападите на домашните фудбалери.

Скамака во 75-тата минута погоди за 2:1, а во судиското продолжение, Локман и Пашалиќ обезбедија донесоа убедлив триумф на Аталанта.

- Оглас -

Најнови вести