Фудбалерите на Јувентус одиграа 1-1 на домашен терен против Аталанта во дербито од 5. коло на италијанската Серија А. Иако дуелот ветуваше поголема ефикасност, натпреварот мина во голема борба, но без многу голови.
Првата шанса за Аталанта ја пропушти Никола Крстовиќ, додека Аџиќ беше најопасен за Јувентус во првото полувреме. Како што минуваше времето, фудбалерите на Јувентус се вклучуваа сè повеќе во нападите, а на спротивната страна Лазар Самарџиќ шутираше непрецизно.
Пред крајот на првото полувреме, Камалден Сулејмана во првата минута од судиското продолжение донесе водство за Аталанта по одлична акција.
Во второто полувреме, Тудор во 58-та минута направи двојна замена, ги повлече Тирам и Аџиќ, а влегоа Мекени и Влаховиќ. Аталанта кратко се закани преку Марио Пашалиќ, но веднаш потоа Јувентус израмни преку Хуан Кабал во 79-та минута.
Само минута подоцна, Де Рон заработи црвен картон откако вторпат пожолте, давајќи му предност на Јувентус во финалните моменти. Сепак, до крајот остана 1-1.