Аталанта станува институција, заврши уште една одлична работа

Аталанта имаше сезона за памтење благодарение на одличните резултати. Добрите игри на тимот од Бергамо значеше и раст на цената на сите фудбалери во сино-црниот дрес.

Според медиумите во Италија и Англија, речиси сигурен е трансферот на Тимоти Катање од Аталанта во Лестер. Играчот кој доби повик и за белгиската репрезентација, минатата сезона во дресот на Аталанта одигра 33 меча и даде два гола.

Десниот бек пред три години пристигна во Аталанта од Генк само за шест милиони евра, а сега неговото заминување вреди 25 милиони евра, што значи дека италијанскиот тим ќе заработи четири пати повеќе. Белгиецот во Лестер треба да биде замена за Бен Чилвел, кој за 55 милиони евра од Лестер, замина во Челзи.

 

- Оглас -

Најнови вести