Атиџе Муратова или Антонио Бандерас: Има ли шанси „Медена земја“ да биде поуспешен филм од тој на славиот шпански глумец?

„Медена земја“ е филмот кој е македонскиот адут на најпрестижното доделување на филмски награди, популарниот Оскар. Ова е вторпат Македонија да има свој претставник во категоријата за најдобар интернационален филм, повторувајќи го успехот на „Пред дождот“ од пред точно 26 години.

Покрај нашата „Медена земја“, во конкуренција за најдобар странски филм има уште четири избори, а главен фаворит за освојување на престижната статуетка е јужнокорејскиот филм „Паразит“, кој ги освои речиси сите награди во Азија.

Во оваа конкуренција за најдобар интернационален филм е и „Болка и слава“, каде што главната улога ја толкува прославениот Антонио Бандерас. Тоа значи дека скромната Атиџе Муратова која ја игра главната ролја во „Медена земја“ е ривал токму на филмот на шпанскиот актер, кој е и во категоријата за најдобра машка улога.

Факт е дека никој не ни очекувал дека скромната Атиџе од селото Бекирлија во Општина Лозово, која пред да стане славна, никогаш немала летано со авион и не била ви кино, ќе биде во конкуренција на славниот Бандерас на Оскарите, но тоа сега е реалност.

Во Sport Life стандардно имате можност да се обложите во сите категории за Оскарот, а еве какви се шансите на „Медена земја“ да освои Оскар во двете категории во кои е номиниран македонскиот филм.

 

- Оглас -

Најнови вести