Познато е колкави се шансите „Медена земја“ да освои Оскар!

Точно 26 години откако филмот „Пред дождот“ се најде во конкуренција за добивање Оскар, Македонија повторно има свој претставник во категоријата најдобар интернационален филм на најпрестижното доделување на филмски награди. Филмот „Медена земја“ (Honeyland) се најде во изборот од пет филма од неамериканско говорно подрачје и ќе се бори за Оскар.

 

Покрај нашата „Медена земја“, во конкуренција за најдобар странски филм има уште четири избори, а главен фаворит за освојување на престижната статуетка е јужнокорејскиот филм „Паразит“, кој ги освои речиси сите награди во Азија. Како главен конкурент на „Паразит“ е филмот „Болка и слава“, во кој главната улога ја има Антонио Бандерас. Според коефициентите во Sport Life, „Медена земја“ е на четвртото место за освојување на наградата со коефициент 30.

Освен во изборот за најдобар странски филм, „Медена земја“ е номиниран и во категоријата за најдобар документарен филм, а тука шансите се малку подобри. За добивање Оскар во оваа категорија, коефициентот на „Медена земја“ е 13.

Во Sport Life може да ја најдете комплетната понуда за сите категории на Оскарите.

 

- Оглас -

Најнови вести