Атланта непријатно го изненади Њујорк, пресврт од соништата за Хјустон (Видео)

Екипите на Атланта и Хјустон се последните полуфиналисти на второто издание од НБА-купот. Атланта изненадувачки победи на гостински терен кај Њујорк со 100-108 и обезбеди пласман помеѓу најдобрите четири екипи, иако домашниoт состав беше фаворит на овој меч.

Последниот полуфиналист е Хјустон, кој само со половина кош беше подобар од Голден стејт на домашен терен и победи со 91-90  откако направи пресврт од соништата во последните моменти. Гостите имаа водство од 82-89 и 84-90, но домашните со серија од 7-0 во последните секунди дојдоа до победата.

Завршницата се игра викендов во Лас Вегас, а во полуфиналето играат Милвоки – Атланта и Оклахома – Хјустон.

- Оглас -

Најнови вести