Атлетик Билбао и Барселона одиграа без голови, најсреќен е Реал Мадрид

Атлетик Билбао одолеа на нападите на Барселона и на „Сан Мамеш“ одигра 0:0 во меч од 27-мото коло на Примера дивисион. Барселона по ова реми остана на третото место на табелата со 58 бода, дури осум помалку од лидерот Реал Мадрид. Атлетик Билбао е петти на табелата со 50 бода.

Ова е вторпат во малку повеќе од еден месец Барселона да си замине разочарана од гостување кај Атлетик. Во јануари каталонскиот гигант беше елиминиран од Атлетик во Купот на Шпанија, а сега со ремито пропушти шанса да му се доближи на Реал Мадрид во трката за титулата.

 

- Оглас -

Најнови вести