26.8 C
Skopje
понеделник, 28 јули 2025

Атлетико 10-ката му ја даде на фудбалерот кој преклани беше шамаран од реаловецот Валверде

Алекс Баена, кој од Виљареал се пресели во Атлетико Мадрид, го доби дресот со бројот 10 на Јорганџиите. Десетката беше слободна бидејќи досега ја носеше Анхел Кореа, кој си замина.

Така, трите најголеми шпански клубови, Реал Мадрид, Барселона и Атлетико, во новата сезона ќе имаат нови сопственици на дресот со број 10. Кај Реал, Килијан Мбапе ја доби десетката која се ослободи со заминувањето на Лука Модриќ во Милан, а кај Барса, младата ѕвезда Ламин Јамал е новиот број 10 на местото на Ансу Фати, кој отиде во Монако.

Инаку, Баена на претставувањето рече дека во Атлетико дошол за да освојува трофеи, а негоото присуство во Атлетико може да даде зачин на градските дербија со Реал. Пред две години, додека играше за Виљареал, Баена наводно го провоцирал Федерико Валверде од Реал со невкусни коментари за детето кое го носеше тогаш неговата трудна жена, по што Уругваецот по мечот го начека Баена на паркингот на стадионот и му удрил шлаканици.

Инцидентот беше оставен зад нив.

„Оттогаш игравме неколку пати и односот ни беше нормален. Ако сака еден ден да разговараме за тоа што се случи тогаш, нема проблем“, изјави Баена.

- Оглас -

Најнови вести