Реал Мадрид на драматичен начин победи против Рајо Ваљекано со 2-1 и сега пак е на еден бод негатива зад водечката Барселона.
Реал имаше само една победа на последните пет дуели против Рајо. Од 80-та минута гостите беа и со човек помалку, но не издржаа. Напаравија пенал во 98-ма моја го реализираше Мбапе. Имаше 15-тина минути судиско продолжение, а беше покажано 9, но финишот беше хаотичен.
Кралскиот клуб претходно ја погодуваше пречката и стативата, но и голманот Куртоа ги спаси во една ситуација при 1-1. Ова беше 11-ти пенал за Реал сезонава.
For you, is that a penalty? pic.twitter.com/x2sHv89RJZ
— Tekkers Foot (@tekkersfoot) February 1, 2026
Публиката ги исвирка фудбалерите во бели дресови дури и на полувремето кога водеа со 1-0 со убавиот гол на Винисиус, негов прв погодок во Ла Лига после долго време.

