Атлетико чудесен: Губеше 0:2, а во 90 минута ја задржа перфектната серија

Атлетико Мадрид ги прими првите голови во сезоната, но тоа не беше проблем да стигне до нова победа во Примера дивисион. Јорганџиите покажаа шампионски карактер бидејќи успеаја да победат, иако имаа негатива од 0:2 во дуелот со Еибар.

Гостите дадоа два гола во првите 20 минути, а до крајот на првиот дел за Атлетико погоди Жоао Феликс. Со 19 години и 296 денови Феликс е најмладиот Португалец кој дал гол во Примера во 21 век.

Во второто полувреме, тренерот на Атлетико на теренот го внесе Витоло, а овој погоди само по шест минути игра за 2:2. Во 84-тата минута, Симеоне направи уште една измена, кога на теренот му даде шанса на Томас, а овој во стилото на Витоло погоди само по шест минути поминати на теренот.

 

 

- Оглас -

Најнови вести