Атлетико е најголемиот победник, а Милан најголемиот губитник вечерва

Атлетико Мадрид со победата од 3-1 на драматичното гостување кај Порто, се пласираше во осминафиналето на Лигата на шампионите, иако Јорганџиите беа во незгодна ситуација после трите порази по ред кои ги имаа во претходните три рунди.

Помошта за Атлетико дојде од Ливерпул, кој со пресврт дојде до победа од 2-1 над Милан. Вториот гол за Ливерпул го даде Дивок Ориги, кој во ЛШ немаше дадено гол уште од финалето во 2019 година. Росонерите водеа, и да го задржеа водството ќе играа барем во Лига Европа, вака останува да се фокусираат само на домашната лига.

Колку беше луд мечот во Порто не покажуваат само црвените картони, туку и тоа што три од четирите гола паднаа во 90-та минута и подоцна.

Лоша вест за Атлетико е повредата на Луис Суарес, но и без него, тимот успеа да слави на „Драгао“ каде беа поделени три црвени картони.

- Оглас -

Најнови вести