Атлетико ќе победи, Манчестер има ривал кој игра цврст „бункер“

1301 Атлетико Мадрид – Гранада (21:30 ч.)

Домаќинот е голем фаворит, но факт е дека минатата сезона Гранада успеа еднаш да го победи и еднаш да одигра реми против овој ривал. Тие два резултати треба да се поука за Јорганџиите дека не смеат да го потценат гостинот.

Атлетико има седум победи во последните 10 меча против Гранада и сега мадриѓаните се големи фаворити за победа.

Предлог тип: 1-1&2+ (2.19)

 

1010 Манчестер јунајтед – Вулверхемптон (21 ч.)

Манчестер јунајтед е со пет победи во последните шест меча против Волците. Тоа што е најкарактеристично е дека Вулверхемптон игра доста дефанзивно, па на седум од последните 10 меѓусебни дуели имало максимум еден гол, на два „паднале“ два погодока, а само еднаш било 3+.

Домаќинот на „Олд Трафорд“ сигурно ќе сака победнички да ја започне новата сезона, но многу веројатно е дека тука ќе продолжи низата мечеви да бидат сиромашни со голови.

Предлог тип: 0-1 I & 0-2 II (2.04)

 

3175 Копер – Мура (20:15 ч.)

Копер има две победи по првите две кола, а Мура е со два пораза во коишто прими дури осум гола, што значи дека одбраната на гостите е многу слаба. Интересна статистика за овие два тима е дека на четири од последните пет меча имало три гола и било гол-гол ситуација.

Предлог тип: ГГ3+ (2.17)

 

1543 Мореиренсе – Порто (19:45 ч.)

Нема дилема дека Порто е голем фаворит за победа. Седум победи за фаворитот и две нерешени во последните девет меѓусебни дуели, од кои шест биле барем со три погодоци.

На еден ваков дуел може да се очекуваат погодоци во двете полувремиња, но не повеќе од три гола.

Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (1.84)

 

2435 Динамо Букурешт – Ботошани (19:30 ч.)

Дуел на две екипи кои најлошо започнаа во новото првенство во Романија, па се на последните две позиции. Динамо има само еден бод од четири кола, а Ботошани е со два освоени бода.

Во еден ваков дуел на којшто играат два слаби ривали, реално е домашниот терен да биде битен момент за Динамо да не загуби.

Предлог тип: 1Х&0-3 (1.65)

 

- Оглас -

Најнови вести