Атлетико Мадрид убедливо со 3:0 ја победи Валенсија во мечот кој некогаш беше дерби во Шпанија. Јрганџиите до предност стигнаа со голот на Галагер во 39 минута и тоа беше едиснтвениот погодок во првиот дел.
На почетокот од второто полувреме, домаќините ги решија сите дилеми околу победникот, кога Антоан Гризман погоди за 2:0. Голгетерот уште еднаш покажа колку многу значи во играта на мадридскиот тим.
Се играа последните моменти од средбата кога Атлетико направи контра напад, а Алварес погоди за 3:0, што на крајот беше конечен резултат.
Валенсија сезонава очајно стартуваше во Примера и по пет одиграни меча има само еден бод, што е доволно за последното место на табелата. Тимот има 10 примени гола, што е просек по два примени погодоци на меч.
На дуелот против Атлетико, токму голманто на Валенсија Мамардашвили е оценет со најслаба оценка (5.7), што само потврдува дека грузискиот репрезентативец кој од следната година ќе биде дел од Ливерпул, не е во најдобра форма.
Резервен голман на Валенсија е Столе Димитриевски. Македонскиот голман минатата сезона блескаше на голот на Рајо Вајекано, но летово откако направи трансфер во Валенсија, а Мамардашвили остана во клубот, Димитриевски беше седнат на клупата за резерви. Според досега покажаната форма на Мамардашвили, сигурно е дојдено време Димитриевски да добие шанса да биде прв голман на Валенсија.