Најдобриот стрелец во историјата на Атлетико Мадрид, Антоан Гризман, се чини дека ја игра последната сезона за „јорганџиите“. Францускиот интернационалец има понуди за продолжување на кариерата, а најсериозна е онаа од американската МЛС лига, од екипата на Лос Анџелес.
Туку САД најверојатно ќе биде следната дестинација на Французинот, а раководството на Атлетико Мадрид веќе е во потрага по неговата замена. Најсериозна опција за негов наследник во нападот е фудбалерот на Ливерпул, Дарвин Нуњес, кој ќе треба да оформи тандем со уште еден фудбалер кој до неодамна играше во Премиер лигата, Хулијан Алварес.