Еибар и Атлетико Мадрид играат 1:1 по првото полувреме во меч од шпанското првенство. Помалку изненадувачки, домаќините први постигнаа гол, и тоа благодарение на нивниот голман. Во 12-тата минута беше досуден пенал за Еибар, а одговорноста ја презеде голманот Марко Дмитровиќ.
Српскиот интернационалец покажа дека одлично знае да изведува пенали и го совлада Јан Облак за 1:0 за Еибар. Ова беше само седми погодок кој сезонава во 19 меча има примено Атлетико.
До крајот на првото полувреме, Атлетико успеа да израмни со погодокот на Луис Суарес во 40-тата минута.