Мејсон Гринвуд остави зад себе бурен дел од кариерата, но и проблеми надвор од теренот кои го следеа.
Откако го напушти Манчестер јунајтед, тој прејде во Олимпик Марсеј, а оваа сезона бележи одлични настапи. На 12 натпревари, 10 пати беше стрелец, а има и две асистенции во Лига 1. Што се однесува до Лигата на шампионите, има еден постигнат гол и една асистенција на четири натпревари.
По одличните настапи, Мејсон Гринвуд го привлече вниманието на Атлетико Мадрид. Шпанскиот гигант веќе подолг период ги следи неговите игри, а се наведува дека најсериозна пречка за евентуалниот трансфер е откупната клаузула од 80 милиони евра што ја одреди Олимпик Марсеј.
Гринвуд е под договор со францускиот тим до 2029 година. Тој веќе играше во Шпанија, за екипата на Хетафе, каде што на 36 натпревари постигна 10 голови и имаше шест асистенции.

