Атлетико Мадрид остро го осуди неприфатливиот чин на група свои навивачи, кои приредија срамен гест кон големиот ривал Реал Мадрид пред денешниот дерби-дуел во четвртфиналето на шпанскиот куп.
Од Атлетико брзо реагираа со соопштение во кое го осудија чинот.
„Ова е апсолутно неприфатливо и е срам за фудбалот во Шпанија, но и за целото општество. Ги осудуваме сите вакви напади, акти и пароли со заканувачки содржини.
Ривалитетот може да биде најголем на светот, но секогаш треба да биде спортски и со респект меѓу клубовите.
Се надеваме дека сторителите набрзо ќе бидат демаскирани, а ние ќе продолжиме да негуваме спортски ривалитет со сите екипи, вклучувајчи го и нашиот градски ривал Реал Мадрид“, стои во соопштението на Атлетико Мадрид.
Мечот ќе се игра на „Сантијаго Бернабеу“ од 21 часот, а победник мора да има во регуларен дел, по продолженија или на пенали.