Жешко е пред дербито во Копа дел Реј, навивачите на Атлетико го „обесија“ Винисиус нa мост и порачаа: Мадрид го мрази Реал (Фото)

Жешко ќе биде на четвртфиналното дерби во Копа дел Реј меѓу Реал Мадрид и Атлетико Мадрид вечерва, на „Сантијаго Бернабеу“, домот на Кралскиот клуб.

Ќе се игра само еден меч, нокаут за пласман понатаму или елиминација, од 21 часот, а атмосферата веќе е жешка.

Навивачите на Атлетико најдоа погодно место и истакнаа голем транспарент со кој порачаа: „Мадрид го мрази Реал“, но вториот дел од акцијата е морбиден и ја има фигурата на Винисиус јуниор како виси обесен.

Atlético’s Ultras hanged a dummy with Vinicius’ name with the message "Madrid hates Real" from soccer

 

- Оглас -

Најнови вести