Атлетико не им е интересен на Каталонците, синоќа беше најслабата посета дома кај Барса сезонава

Само 34.568 гледачи имаше на трибините на популарниот „Монжуик“ во Барселона на синоќешното дерби со Атлетико Мадрид и тоа е најслаба посета на еден домашен меч на Барса сезонава.

Досега најмала поддршка Каталонците од трибините имаа против Алавес, кога беа присутни 38.183 гледачи. Дури и на женското Ел Класико помеѓу Барса и Реал Мадрид имаше повеќе луѓе (38.707) на трибините отколку синоќа. Пред некој ден на дуелот со Порто од Лигата на шампионите имаше 43.533 гледачи.

Капацитетот на олимпискиот стадион е малку повеќе од 50.000 места за седење, а иако на теренот се играше дерби на Ла Лига, на трибините имаше доста празни места.

Можеби студеното време, скапите билети и терминот на одигрување беа фактори за слабата посета. Во следното коло Барселона пак игра дерби-меч на свој терен, против Жирона, па останува да се види колкава поддршка ќе добие тимот на тренерот Чави.

- Оглас -

Најнови вести