Атлетико Мадрид вечерва може да ја прослави својата 11-та шампионска титула во шпанската лига, прва после 2014 година, но за да се случи тоа, мора дома да ја победи Осасуна, и плус тоа Реал Мадрид да не триумфира на гостувањето кај Атлетик Билбао. Ако Реал слави во Билбао, тогаш последното коло ќе решава кој ќе биде шампион.
Јорганџиите се големи фаворити во дуелот со Осасуна, и можеби во мислите им е да станат шампиони, но екипата од Памплона еднаш го има шокирано Атлетико на негов стадион. Тоа се случи на 26 април 2003 година, кога Атлетико славеше 100-ти роденден, и неочекувано загуби на „Висенте Калдерон“ токму од Осасуна со 0-1.