Атлетико си користи грешки на ривалите и си реди победи (Видео)

Атлетико Мадрид победи со 1-0 на гостувањето кај Валенсија и сега Јорганџиите имаат ист број на бодови со лидерот Реал Сосиедад, притоа тимот на тренерот Симеоне има и еден натпревар помалку.  Голот падна во 79-та минута, кога по нафрлување на Караско, Тони Лато си даде автогол. Топката го удри во нога и на атрактивен начин се одби во мрежата.

Валенсија на свој терен шест години нема победа против Атлетико. Сега Лилјаците имаат низа од 12 меча без триумф над Атлетико во меѓусебните дуели и во Мадрид и во Валенсија. Атлетико во деветте кола има примено само два гола и тоа им помага да имаат одличен старт на сезоната.

- Оглас -

Најнови вести